Денеска го подржуваат Груевски, утре ќе бараат функција во Владата на Заев

0
1245

Што ќе сееш ќе жнееш! Милион пати е повторена оваа реченица во минатото, но милион пати треба да се повтори и во иднината. Особено треба да се повтори сега, во моментот кога лидерот на СДСМ со „бомбите” почна битка за да го симне од власта Никола Груевски, кој сите овие години заедно со неговиот коалиционен партнер реализираа многу проекти на штета на Албанците.

20120618045946

И наместо Албанците да бидат протагонисти во симнувањето на Груевски, чија власт им штетеше многу, тие се насочени кон тоа што ќе објави Заев. Колку имаат право и дали воопшто имаат морално право, да се однесуваат со логиката на питачот. Не можам да ја сфатам оваа игнорантска позиција на мнозинството Албанци во Македонија, креирана во овој пост-бомбен амбиент. Зошто се однесуваат како да не знаат дека за рушењето на оваа анти албанска власт (ДУИ-ДПМНЕ), со чиј печат беа реализирани многу анти-албански проекти, потребно е голема заложба и мобилизација на сите интелектуални-политички-граѓански сили.

Начинот на однесување на Албанците, било да се политички субјекти, НДП, Беса или Движењето за рефоми, но и голем дел на аналитичарите, се типични примери како не треба да се однесуваат. Настапите на овие субјекти се очајни- „Бараме од Заев да ги објавува сите бомби што имаат поврзаност со Албанците”.

Дали ова плачење е доволно, за да се докаже загриженост за состојбата на Албанците. Дали еднаш кај албанскио блок е одржана прес-конференција после објавувањето на бомбите на Заев? Одговорот е не!

Оваа однесување ти дава впечаток дека недостасува храброст (НДП-Беса- Движењето за рефоми) или дека овој лидершип е задоволен со активностите што ги вршат за формирање на ограноците на партијата, и доволни им се сликите што ги објавуваат на Фејсбук, демек личат на големи политичари. Срамно! Оваа е политичка незрелост.

Од друга страна, „чесни Албанци” почнале да сонуваат со отворени очи дека утре или задутре ќе бидат дел од владата на Заев иако сите овие години беа основен столб на власта на Груевски. Не треба да се чудиме ако тие што победија (крадеа гласови) во 2014 со 150 илјади албански гласови, во наредните да победат се 180 илјади гласови. Ако анализираме суштински, заклучуваме дека 90% од функционерите доаѓаат од криминални и предавнички кругови. Со сиот овој криминален потенцијал тие не застануваат и продолжуваат да регрутираат и други криминални структури за да имаат поголема моќ за после да влијаат кај албанските гласачи и да ги пополнат кутиите. Ако го имаме предвид нивото на толеранција од страна на полицијата кон овие криминалци и предавници не е чудно во наредните избори да осигураат многу повеќе гласови за нивната партија со криминален бекраунд.

Нивното прашање треба да биде предизвик за Заев. Тие досега во клучи моменти се приклучуваа на страната на Груевски и Мијалков прекршувајќи го интересот на граѓанинот кој мислеше дека се претставуваат демократските принципи (сетете се на 24 декември 2014) Ако Заев сака да формира мултуетничка е демократска влада, во ниеден начин не треба да ја вклучи и ова криминална структура (ги знаеме имињата но не можеме да ги спомнеме, бидејќи и самиот министер за правда, Аднан Јашари рече дека немаме независно судство). Ако ја вклучи оваа структура, Заев ќе ја продолжи традицијата на Милошевиќ за соработка со Албанците (колку полоши Албанци, толку подобри за државата). Друга логика не постои.

Во момент кога се знае дека штабот на ВМРО не е во Скопје туку во Мала Речица. Заев треба да соработува заедно со тие Албанци кои подобро знаат да ги претставуваат Албанците и нивните права, а не со тие кои ги крадат и купуваат гласови. Ако Заев продолжува соработка со оваа предавничка структура, криминалци и крадци на гласови, тогаш со или без свест ќе го амнестира Груевски и Мијалков, кои ги обвинува за инволвирање во криминал.

Фејзи Хајдари – сопственик на весникот Лајм