Министерството за здравство рече дека со заем од Светска банка набавени се најсовремени медицински апарати. Во текот на вчерашниот ден започна испораката и инсталација на апаратите и тие се веќе во Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле потоа во Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи.
Се работи за 17 ултразвучни уреди и 17 мобилни рентген апарати со современа и модернизирана технологија за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот и за останати заболувања. Иновативните технологии на уредите се предвидени со поголема резолуција да имаат напредни процесори за пренос и прием на сигнали, како и високосензитивно и прецизно дијагностицирање преку ехо системот.