ЕВЕ ЗОШТО ДЕН ДОНЧЕВ Е МЕТА НА ЖЕСТОКА ЦРНА КАМПАЊА: Дали кумот на Груевски беше вистинскиот сопственик на Дијамед Македонија Скопје?

0
1293

Дијаграм кој стигна до нашата редакција, а кој според наши сознанија потекнува од една државна институција, ја отсликува пајажината сплетена околу фирмата ПЗУ Дијамед Македонија Скопје.

Како што е општо познато на јавноста, Дијамед беше продадена за речиси 12 милиони евра на компанијата Дијаверум Шведска во ноември 2018-та година. Веднаш потоа, по барање на Управата за финансиско разузнавање, средствата од продажбата кои легнуваат на банкарските сметки на Вера Иванова, која јавно тврди дека е единствен сопственик на оваа компанија, се замрзнуваат и тоа 9 милиони евра на банкарска сметка во Монако, а 2,5 милиони евра на банкарска сметка во Македонија.

Но, освен комплицираната пајажина, дијаграмот исто така покажува колку средства се повлечени од компаниите кои ја сочинувале пајажината на Дијамед и збирните исплати за периодот од 2015-та до 2018-та година по основ на плати, надоместоци и дивиденди.

Пајажината е составена од четири меѓусебно поврзани компании:

– ПЗУ Дијамед Македонија Скопје

– Метрополитен ДОО Скопје

– Метро Медикал ДООЕЛ Скопје

– Смарт Холдинг Лимитед Дубаи

Главниот извор на приходи на Дијамед е Фондот за здравствено осигурување за пружење на услуги за дијализа, од каде што Дијамед ги остварува апроксимативно следните приходи:

– 8 милиони евра во 2015-та година

– 8.5 милиони евра во 2016-та година

– 9.5 милиони евра во 2017-та година

– 10 милиони евра во 2015-та година

Видливо од диjаграмот, Метрополитен ДОО Скопје исто така остварила приходи од речиси 300 илјади евра во 2015-та година од Министерството за здравство од програма за инсулин.

Сите овие приходи овозможуваат Дијамед да остварува фантастични профити од најмалку 2 милиони евра на годишно ниво. Овие профити се потврдуваат и во јавно објавените информации во годишното издание на Капитал “200 најголеми и најуспешни”.  Во 2016-та година компанијата направила профит од фантастични 161 милиони денари додека профитот во 2017-та година изнесувал 126 милиони денари.

Како токму Вера Иванова, навидум анонимец во македонскиот бизнис свет, дошла до ваква вредна концесија со загарантиран приход од најмалку 200 милиони евра за 20 годишното ексклузивно времетраење на концесијата, која концесија ја продава на шведската компанија Дијаверум во ноември 2018-та за 12 милиони евра?

Кој е Ристо Новачевски и која била неговата улога во Диамед Македонија?

Ристо Новачевски е кум на Никола Груевски од првиот брак.

Сестрата негова Ленче беше долгогодишна лична секретарка на Никола Груевски.

Дека Ристе Новачевски не бил обичен вработен во пајажината на Дијамед е видливо од фантастичните плати и надоместоци исплатени кон него, Вера Иванова и Филип Иванов (син на Вера Иванова) за периодот од 2015-та до 2018-та година.

Видливо од диjаграмот се следните вкупни плаќања кон оваа тројка:

Ристо Новачевски

– 10.409.066 денари се исплатени од Диамед Македонија како надомест за надзорен одбор

– 10.945.654 денари се исплатени од Метро Медикал плата

– 16.633.090 денари се исплатени од Метро Медикал за надомест.

Вкупно 37.987.810 денари (преку 600 илјади евра) се исплатени кон Ристо Новачевски.

Вера Иванова

– 9.661.092 плус 21.150.00 денари се исплатени од Метро Медикал како дивиденда

– 10.313.066 денари се исплатени од Дијамед Македонија како надомест за надзорен одбор

– 18.131.061 денари се исплатени од Дијамед Македонија како исплата на надоместок

– 17.611.649 денари се исплатени од Метрополитен ДООЕЛ како плата

Вкупно 76.866.968 денари (1.25 милиони евра) се исплатени кон Вера Иванова.

Акробации во сопственичката структура на Дијамед Македонија

Се поставува прашањето дали Вера Иванова била единствен сопственик на оваа групација, или пак токму Ристо Новачевски бил сопственик на најголемиот дел од капиталот? Дали концесијата на Диамед е доделена токму поради Ристо Новачевски поради неговата неспорна блиска релација со Никола Груевски?

Промените во сопственичката структура на Диамед од самото основање до непосредното продавање на компанијата на Дијаверум Шведска покажуваат дека 75% од сопственоста е на засега непознат сопственик.

Сопственичката структура на Диамед Македонија од нивниот почеток до април 2016 е Вера Иванова 50 посто и Метромед ДОО 50 насто. Сопственици на Метромед ДОО се повторно Вера Иванова со 50 посто и извесен Оливер Тодоров со 50 насто. Значи, во почетокот Диамед е 100 посто македонска фирма.

Во април 2016, кога започнува Вистината за Македонија или таканаречените бомби, следи промена на сопственичката структура при што Вера Иванова префрлува 25% од нејзиниот удел за симболичен износ на компанијата Смарт Холдинг Дубаи. Сопственик на Смарт Холдинг Дубаи се појавува Генерал Солушонс Лимитед, Panama Trustee фирма која беше во скандалот Panama papers. До денеска не се знае кој е конечен сопственик на панамската фирма.

На 2-ри јули 2018, Метромед ДОО го префрлува својот удел од 50% на Вера Иванова. Така, таа станува 75-постотен сопственик на Диамед, а Смарт Холдинг Дубаи останува со 25% сопственост.

Конечно, на 18 август 2018 се врши уште едно префрлување на удел при што Смарт Холдинг Дубаи се стекнува со 75% сопственост во Диамед, додека Вера Иванова останува со 25%.

Зошто биле потребни вакви акробации во сопственичката структура на Диамед Македонија непосредно пред продажбата на Диаверум ако Вера Иванова била единствен сопственик? Кој е конечниот сопственик на 75 посто од капиталот на Диамед, односно кој е вистинскиот сопственик на  Генерал Солушонс Лимитед, Panama?