Фрчкоски: Ова беше кланица за продадените експерти од правен на УКИМ, има голема нервоза кај опозицијата поради Законот за ЈО и тоа изгледа многу примитивно и просто!

0
1032

Во парламентот има една нервоза, кругот на закони од владината коалиција ќе поминат сите до еден. Нервозата е голема кај опозицијата и тоа изгледа многу примитивно и просто, изјави универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во вечерашната дебата на Телевизија 24.

Тој додава дека во целата ситуација голем е неуспехот на професорите од правниот факултет за кои вели дека се обврзале да му помогнат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на пишување на нов закон за Јавно обвинителство.

-Законот за ЈО има клучен политички момент дали ќе има правда или не. Тоа е моментот дали случаите од СЈО ќе продолжат да се водат со новиот закон во редовното обвинителство. Тој елемент не е експертски. Професорите од Јустинијан се обврзаа да му помогнат на Мицкоски и да го изработат законот, но пропаднаа во тој обид. Се подадоа и не успеаа, тоа е тотална катастрофа. Ова беше кланица за експертите, вели Фрчкоски.

Универзитетскиот професор вели дека откако се префрлени предметите во редовното обвинителство ургентноста од законот за ЈО се зголемила. Тој смета дека обвинетите во предметите од СЈО веројатно ќе бидат осудени.

-Хистеријата е поради тоа што ова решение ќе помине и правдата ќе ги стигне, вели Фрчкоски.