СПАСОВСКИ ГО ОБВИНИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИКАНСТВО И НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ИСПИТУВААТ КОМУНИКАЦИИТЕ НА ОСОМНИЧЕНИТЕ СО ЛИЦА НАДВОР ОД ГРУПАТА

0
427

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан од новинарите како ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР предоцна ја започнало истрагата за двојното убиство.

„Тоа се политиканства од најдолен вид што ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам сите да се впуштаме во политиканство, туку да се прошири истрагата и сите криминални радикални гнезда да бидат откриени и уништени.

Хранењето на таквите луѓе на мотивите, може да предизвикува разни последици. Секако дека тука се испитуваат и многу видови на комуникација кои што ги имале осомничените со лица надвор од оваа група, ќе се дадат и многу други одговори. Важно е радикалните структури да бидат разбиени. Упатувам апел до сите да имаме одговорно однесување“, рече Спасовски.