МИЦКОСКИ : ИСТРАГАТА ЗА ВАЊА ЗАПОЧНУВА ПРЕДОЦНА, ИМАМ СЕРИОЗНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОВА ШТО ГО ТВРДАМ

0
358

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во интервју најави дека ќе изнесе детали и сериозни информации дека истрагата за малата Вања започнува предоцна.

-Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата, погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога за жал малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата. Но тоа сега нема да го дискутираме тоа бидејќи како политичка парија а лично и јас бевме надвор од сето ова намерно за да не се создава впечаток како они што создаваа со децата од Смилковско и малата Тамара, затоа не се мешавме и воопшто да не влијаеме на процесот за да не бидеме лошо сфатени. Но, за месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се сериозни, кажа Мицкоски.