(ВИДЕО) СДСМ Битола: Белата фонтана, уште еден од симболите на Битола, без јавна расправа, самоволно, без одлука на матичните комиси и без одлука на Совет на општина Битола, се руши!

0
1432

„Наместо веднаш да поднесе неотповиклива оставка, аболицираниот криминалец Владимир Талески продолжува со самоволието на штета на Битола и битолчани.

Во текот на вчерашниот ден, уште едно културно обележје беше срамнато со земја. Белата фонтана, уште еден од симболите на Битола, без јавна расправа, самоволно, без одлука на матичните комиси и без одлука на Совет на општина Битола, се руши“, изјави советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески.

„На самата локација, спротивно на законските одредби нема табла со идејно решение ниту пак бројче за одобрение на градба.

Информација за активностите на општината во однос на Белата Фонтана немаат ни советниците во Советот на општина Битола.

На нашите официјални барања за информации за тоа што се случува со Белата фонтана упатени до одговорните лица од матичните комисии официјално беше одговоренода се обратиме писмено користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Неофицијално за рушењето на овај симбол на градот со голема емотивна вредност за битолчани, општинската администрација се крие зад Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2016 год., ставка Реконструкција на други објекти!

Симболите на градот не може да бидат под ставка други објекти!

Под оваа ставка, други објекти, никогаш во надлежните комисии не е разговарано за Белата Фонтана!

Реконструкција не е исто со рушење на објекти!

Го повикуваме општиноначалникот од ДПМНЕ, Владимир Талески веднаш да поднесе неотповиклива оставка, и да ја стопира постапката за рушење на фонтаната за доброто на битолчани и Битола.

По промените, СДСМ и коалиционите партнери ќе стават крај на уништувањето на душата на Битола, а секој што го прекршил законот ќе одговара“, рече Благојче Котески.