НИКОЛОВСКИ : ДЕНЕСКА ЗАЕДНО СО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПРИСУСТВУВАВМЕ НА 6-ТИ КОНГРЕС НА СОЈУЗОТ НА РОМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

0
637

Сојузот на Ромите од Македонија е активен чинител во нашето општество и има значајна улога во се она што денеска е нашата заедничка држава.

Како коалициски партнери, со почитуваниот Амди Бајрам, заедно работевме на важни процеси со коишто успевме. Процеси важни за сите граѓани, без разлика на етничката или религиската припадност.

Продолжуваме заедно да ја градиме нашата мултиетничка татковина која почива на заедништвото, соживотот, меѓусебна толеранција, почит и разбирање.