КОВАЧЕВСКИ : ПРИСТАПОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ХОРОР И КУБЕЊЕ ЗА КОСИ ПОКАЖУВА ДЕКА НИШТО НЕ Е СМЕНЕТО ВО ОВАА ПАРТИЈА

0
282

Го видов ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој вели тоа ќе биде хорор, каде што ќе се кубеле за коси на седници, тоа е врз основа на пристапот на којшто функционира ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ништо не е сменето во оваа партијата, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 Телевизија.

-Земете го градот Скопје какви беа обвинувањата помеѓу градоначалничката што тие ја предложија и избраа, дека ќе се влечеле по улици за коси. Па потоа се сеќавате кога го бркаа микрофонот по сала во градот Скопје па го криеше претседателот на Советот на град Скопје микрофонот. Така да тој пристап дека нешто ќе било хорор, дека ќе се кубел некој за коса сметам дека е апсолутно вон било какви демократски стандарди и единствено потсетува на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година. Бидејќи ако некој беше влечен за коса до 2016 година тоа беа пратеници на СДСМ. Се сеќавате кога Шекеринска ја влечеа за коса во Собранието, се сеќавате кога ги исфрлаа пратениците низ врата, за нозе, за раце фатени при носењето на буџетот? Ова е истото ВМРО-ДПМНЕ, јас тоа го зборувам. Истото ВМРО-ДПМНЕ го имате денес, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 Телевизија.