Денеска се регистрирани 115 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 7046, оздравени се 40 пациенти – починати се 7 лица

0
784
Почитувани,
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Починати се  7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•    Скопје 3394, активни 2007
•    Куманово 797, активни 244
•    Дебар 109, активни 57
•    Штип 374, активни 161
•    Прилеп 282, активни 56
•    Тетово 766, активни 392
•    Струга 265, активни 167
•    Велес 196, активни 43
•    Битола 61, активни 22
•    Охрид 204, активни 175
•    Кавадарци 21, активни 15
•    Гостивар 156, активни 93
•    Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•    Струмица 17, активни 9
•    Крива Паланка 16, активни 10
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 7, активни 3
•    Кочани 74, активни 21
•    Пробиштип 26, активни 17
•    Демир Хисар 2, активни 1
•    Македонски Брод 6, активни 4
•    Пехчево 6, активни 3
•    Берово 3, активни 0
•    Валандово 6, активни 2
•    Виница 3, активни 0
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 5, активни 2
•    Свети Николе 42, активни 37
•    Кичево 48, активни 39
•    Ресен 122, активни 89
•    Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина  со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•    Чаир – 415
•    Аеродром – 159
•    Бутел – 173
•    Гази Баба – 207
•    Центар – 150
•    Карпош – 167
•    Сарај – 154
•    Кисела Вода – 118
•    Ѓорче Петров – 116
•    Студеничани – 115
•    Шуто Оризари – 93
•    Арачиново – 51
•    Илинден – 33
•    Петровец – 16
•    Чучер Сандево – 18
•    Сопиште – 13
•    Зелениково-7
•    Странец – 2
•    Нераспределен- 0
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство