НАМЕСТО ПОЗНАТАТА ЕУФОРИЈА И АРОГАНЦИЈА, МИЛЕНКО ПЛАЧЕ ВО КОЛУМНА НА ДУДИНКА СВЕСЕН ШТО ГО ЧЕКА МИЦЕТА: ТЕШКА И РИЗИЧНА ЌЕ БИТКАТА СО СДСМ НА ОВИЕ ИЗБОРИ!

0
909

Навикнати сме на сите избори досега, Миленко да се сили, да шири еуфорија, да се заканува дека ќе беси, коља, правеше листи за отстрел, се закануваше со бетонска плоча итн итн…

Но сега нешто усран, како да му тече низ ногавица па во колумна на Дудинка плаче и се жали колку ќе била тешка и неизвесна битката со СДСМ на овие избори:

И во такви драматични услови, со само 8-мина набљудувачи од ОБСЕ (последниот пат беа повеќе стотина), со масовна корупција на ранливите категории од страна на СДС, со отпуштање од затвор на тешки криминалци, со наплив од Косово и Метохија ние ќе одиме на избори против окупаторот што сето ова го смисли и изрежира?!

Во Европа, ама и на Балканот неможеме да влеземе во ниту една држава, толку демек сме биле заразени – ама за на избори сме си биле таман!!!

Тешка и ризична задача имаме.

Активирани се сите алатки за останување на фашистот Заев на власт. Одработуваат, свесно или несвесно, за него најразлични бунтури, солзи, палчовци, бозовци, пазидупевци, интегри, заеднички и незаеднички македонии, родини, крадачи на поимот бојкотирам…

Ниту еден од нив не рачуна на гласачите на СДС, туку сите шансата си ја гледаат во незадоволните од Ве-Ме-Ре-Ото…

А што помалку гласачи за ВМРО ДПМНЕ, повеќе пртенци за СДС.

ВМРО ДПМНЕ не изнајде сила за да покаже коалиционен капацитет, па сите овие мали, ѓоамити десни партии, да ги собере до себе. Секако, доколку тие ѓоамити десни ако се пратени, формирани и финасирани за растурање на ВМРО ДПМНЕ (Дан Дончев до заинтересираните партии давал по 300.000 евра за борбата против ВМРО ДПМНЕ), не може да има било каков коалицирање.

Од друга страна, и оние чесни во тој непарламентарен дел од партиите, не покажаа минимум толеранција и коалицинонен капацитет да се соберат меѓу себе на купче, па да бидат каква таква сила. Ама, сите тие лидери на пајтон партии се гледаат себе си како премиери, па така судирот на амбиции направи секој да тргне сам и така самостојно да го дроби, да го еродира, гласачкото тело што е национално определено.

Целата колумна ОВДЕ.