ПРАТЕНИЧКО И ДИРЕКТОРСКО МЕСТО ВЕТИЛ АХМЕТИ ЗА КОАЛИЦИЈА СО ПАРТИЈАТА НА КУРТО ДУДУШ

0
310

Како што наближуваат изборите, така политичките партии се пазарат – коалиција за пратенички или директорски места, вработувања за гласови.Партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш постигнала договор со ДУИ за заеднички настап на парламентарните избори, но за возврат Дудуш ќе добие директорско место, а неговата сопруга ќе биде пратеник, објави ТВ21.

Неговата сопруга Фатима Османовска како што објавуваат медиумите,  ќе биде број 5 во втората изборна единица. Дудуш добил и ветување за функцијата директор на ГТЦ-Скопје или директор на Центарот за социјална работа – Скопје.