ПО ДОЛГО ВРЕМЕ ШИРЕЊЕ ГОВОР НА ОМРАЗА, МИЛЕНКО МЕДИСКИ ЕЛИМИНИРАН: Фејсбук му ја блокираше групата на која објавуваше емисии и колумни, веб сајтот ДУДИНКА недостапен!

0
1695

На фејсбук никаде ја нема неговата група која броеше над 80 000 членови на која тој објавуваше емисии и колумни полни со говор на омраза кон Албанците, ЛГБТ заедницата, СДСМ… Но и смртни закани кон новинари и политичари блиски до СДСМ, особено кон премиерот Зоран Заев.

Дури и веб страната ДУДИНКА е падната. Му остана само ЈУТУБ каналот кој се уште е активен, последната емисија беше објавена минатиот петок.

Сепак ова не значи дека на Миленко му се прекршени правата за слобода на говор.

Тој може во секој момент да покрене нов веб сајт со неговото име на пример или пак самата ДУДИНКА и да почне пак да зрачи во интернет сферата се додека фб профилите и групите на таа веб страна пак не бидат забранети од ФБ поради ширење говор на омраза.