ХА ХА ХАААААА…ГРУЈОВИОТ КОПИТАР ГО ПОПУШИ ВО ОБИДОТ ЗА КАНДИДАТУРА НА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

0
1286

Режимското милениче на Грујо и Сашо Мијалков кој го сврти цел свет во промотивна кампања и кој поеба пола милион евра за хотели и авионски карти, Срѓан Керим го попуши околу кандидатурата за нов генерален секретар на ОН. За време на кандидатурата дознаваме дека дел од новинарите го запрашале Керим токму околу аферата 750.000 евра во шише на кое прашање овај токмак не одговорил и премолчал.

_89176583_unsecgen_afp

Португалецот Антониот Гутерез, 67 години, доби најмногу позитивни гласови во првото гласање за нов генерален секретар на Обединетите Нации (ОН).

Ова тајно гласање беше организирано во Советот за безбедност. Секој од 15те амбасадори на Советот требаше да го оцени секој кандидатите со една од трите забелешки “охрабрува”, “обесхрабрува” и “без оценка”.

Гутерез, кој беше премиер на Португалија од 1995 до 2002 година а потоа Висок комесар за бегалци во ОН до 2015 година, остави одличен впечаток и доби дванаесет “охрабрува” и три “без оценка”.

По него следи поранешниот словенечки претседател Данило Турк со 11 “охрабрува” но две земји го прогласија за “обесхрабрување”.

Според дипломатите во ОН, другите најсериозни кандидати биле разочарување, јавува агенцијата АФП.

Помеѓу разочарувањата се Срѓан Керим, Бугарката Ирина Бокова, актуелен генерален секретар на УНЕСКО и српскиот кандидат Вук Јеремиќ кои добија само девет “охрабрувачки” оценки.

Зад нив се наоѓаат Словакот Мирослав Лајчак и шефицата на аргентинската дипломатија Сусана Малкора и на дното се Црногорецот Игор Лукшиќ, Молдавката Наталиа Герман, Кристиана Фигерез од Костарика и Весна Пусиќ, хрватската министерка за надворешни работи.

По овој прв круг, ново гласање ќе има другата недела. Според дипломатите, резултатот на денешното гласање е појасен отколку што се очекуваше бидејќи неколку кандидати избиваат на чело додека други остануваат на дното.

Треба исто така да знае дека пет членки на Советот за безбедност, САД, Обединетото кралство, Кина, Франција и Русија) имаат право на вето дури и за најдобро пласираниот кандидат.

Финалниот избор ќе биде проследен до Генералното собрание на ОН во септември или октомври.

Мандатот на актуелниот генерален секретат Бан Ки-мун завршува на крајот на оваа година.