МАРИЧИЌ : ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА ВАРИЈАНТИ ШТО НОСАТ ВО ЌОРСОКАК

0
560
Се обидувавме цела година да разговараме со опозицијата и да ја убедиме дека уставните измени се исправниот чекор, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија.

-Сепак, се оформи одреден антиевропски блок и анти-ЕУ блок која ја заострува реториката овие денови, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие досега понудија само варијанти што не носат во ќорсокак, кажа Маричиќ.Тој додаде дека сите позиции што доаѓаат од опозицијата, како оние за одложено дејство на уставните амандмани, за реципроцитет за, биле на маса за време на преговорите.

-Не е дека не се обидовме, тоа го имаше во преговарањето, но мораше да се дојде до компромис. Ние инсистиравме сите обврски да ги има пишано во преговарачката рамка  и заклучоците на Советот за да нема нови барања, кои би биле небулозни. Тоа ни беше почетна позиција, за уставните амандмани да се на сила откако ќе се зачлениме во Унијата.

Ние рековме да биде се запишано, да нема нови неразумни барања и било кој во Бугарија да измисли нови барања. Ние инсистиравме да ги започнеме преговорите со Првата меѓувладина конференција и да тече скрининг процесот. Секако најважно ни беше прашањето за македонскиот јазик. За возврат се обврзавме да ги направиме уставните измени за време на скринингот. Овој предлог ние го дадовме пред опозицијата, кажа Маричиќ.