ЈП ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО : ЦВЕТЕН ЧАСОВНИК ПОДАРОК ЗА СКОПЈАНИ

0
528

По повод денешниот ден кога точно пред 60 години во пет часот и седумнаесет минути градот Скопје доживеа катастрофален земјотрес, ден кој остави длабоки траги за жителите и духот на градот, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи го часот на земјотресот од 26 јули 1963 година.

Во центарот на градот, на плоштадот Филип Втори уредената цветна површина ги симболизира солидарноста, хуманоста и соживотот. Како претпријатие со голема заложба и должност насоченo работиме за хумано и зелено Скопје, оставајќи пример за генерациите што доаѓаат.

Одделение за односи со јавност, ЈП Паркови и зеленило.