ДИРЕКТОРКАТА НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ ДОБИВАЛА ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ : НЕ ИМ ГО ПРОДОЛЖИЛА ДОГОВОРОТ НА ЛИЦА КОИ 20 ГОДИНИ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА, А НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА!

0
766

Директорката на Комуналното претпријатие Скопје, Косана Мазнева донесе ред во јавното претпријатие, но очигледно тоа си има своја цена, имајќи во предвид дека добивала сериозни закани по животот од страна на структури во претпријатието.

Се работи за група на вработени кои единствено биле задолжени за „наводна“ трета смена во претпријатието која поскапо се плаќа, наводно работеле и прекувремени часови, а впрочем воопшто не оделе на своето работно место.

-Знаете дека нашето претпријатие работи во смени 24/7, една голема група на вработени, веќе 15 години работат исклучиво во трета смена што е спротивно на сите законски норми и принципи на работење на претпријатието и од тие причини се создадаваат вакви проблеми на вештачки начин, вели тааа.

Ова група на луѓе повеќе од 20 години постојано се трета смена, што е спротивно на Законот за сменско работење истакна директорката, за одење трета смена на работа тие земале повеќе од 35 проценти повеќе за плата на својата трансакциска сметка.

-Најголем дел од овие луѓе биле нередовни и не ги извршувале своите работни обврски, голем дел од нив не се појавувале на работа, но биле запишани и за прекувремени работни часови и за работа во време на неработни денови.

Сепак тоа што го потенцира Мазнева е дека голем дел од овие луѓе повеќе од 20 години не се појавувале на работното место.

Мазнева додаде дека оваа група се обидела да ја блокира работата на Комуналното претпријатие блокирајќи ја механизацијата и вработените кои сакале да завршуваат свои работни задачи, а имало кон вработените и закани кон нивните животи.