МЕЏИТИ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

0
479

Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити за „Макфакс“. Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години и пробиван е рокот.

-Требало да биде изградена во 2018 година болницата во Штип, не била изградена. Па требало до 2023, досега јуни што помина требаше да се дава во употреба болницата, не е дадено и јас постапив, го раскинав со сите права кои ги имаме и тука ќе ја активирам и банкарската гаранција. Значи многу сум сериозен во моето делување и јас и тимот – рече Меџити.

За да не се гради уште 15 години, додава тој, треба да се спроведе нова процедура која може да трае најмногу шест месеци.

-Точно нова процедура, за да еднаш засекогаш таа болница и тој дел на источна Македонија да добијат објект каков доликува на здравство и да примаат такви здравствени услуги. Ја знаете мојата изјава кога бев во Штип што ја кажав во старата болница, навистина таму има многу добар кадар, многу добри здравствени работници што макотрпно работат – истакна Меџити.