Мукоски за Милошоски: Добро знам во која барака под наем живееше во 2002 година, а колку имот има сега

0
2231

Експратеникот Крсто Мукоски обвинувањата од пратеникот Антонијо Милошоски, дека е во сојуз со Заеви ги нарече шпекулации без докази, а протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ за исправање на неправди ги нарече: „По свадба, тапани“, oбјави „А1он“.

Тој за А1он“ вели дека неговото име, како и имињата другите пратеници кои гласаа за уставни измени, се користат само за добивање на ситни политички поени.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ излезеше со некаков концепт каде треба да се движи државата, што треба да се направи, тогаш ќе беше добро. Тогаш луѓето ќе можеа да судат. Но со бегање од процесите без став, за потоа, да се критикува е малку жална ситуација. Луѓето кои ги праќаат да даваат такви изјави, не би сакал да ги коментирам.

Нив добро ги познавам бидејќи сум од 1990 година во ВМРО, па добро знам кои беа во 2002 година, во која барака од Влада живееше Антонио под наем, па колку имот има сега и така натаму. Во такви игри, не би сакал да навлегувам, вели Мукоски за „А1он“.

Тој вели изминативе години молчеле бидејќи не сакале да наштетат на партијата, но настапите на ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека партијата е во сестрински односи екстримистичката партија Златна зора од Грција и радикалите на Шешељ.

„Ова ми изгледа како по свадба-тапани, што би рекол народот. Кога на оние кои беа прогонувани им требаше поддршка и организиравме протести, токму ова раководство ги саботираше тие протести во два наврати.

Кога имаше разговори во Собрание, во телото за помирување под покровителство на меѓународната заедница и кога сите партии учествуваа, ова раководство ги минираше тие преговори. Кога се креираше Законот за амнестија, во кој учествуваа сите партии, ВМРО-ДПМНЕ го минираше и тој закон и не учествуваше во неговата изработка, за на крајот, истиот тој закон кој сега го критикуваат и со кој беа амнестирани повеќе од 25 луѓе, го гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мукоски за протестите кои вчера ги одржа ВМРО-ДПМНЕ.