Никола Димитров: Груевски треба да се порази на избори, но неговиот пораз е само почетокот

0
1047

Кризата во својата суштина е криза на (не)одговорност и брутална партизација: правната држава, што требаше да ја зацврстуваме, ја направија целосно партиска држава. Македонија, со премалку исклучоци, денес е збир на институции без доверба и образ, слуги на партијата на власт, а не на граѓаните и Уставот.

Затоа изборите, дури и да се слободни и фер, сами по себе нема да ја решат кризата, но се нужен прв чекор кон можноста за правна држава. Ако сакаме држава и достоинствен живот, а не партиска играчка и понижувачко преживување, тогаш Груевски треба да се порази на избори. Наједноставно, после сето што го слушнавме, по сите извештаи, по истрагите што ги отвори СЈО, има ли некој кој мисли дека со него на власт ќе имаме независни институции и одговорност? Судови во кои ќе верува јавноста? Тој пат води кон пропаѓањето.

Но неговиот пораз на избори е само почетокот. Изградбата на таква држава, новиот систем, ќе бара голем скок напред. Победникот на изборите не смее да падне во замката и искушенијата за присвојување на институциите за себе. Така би се вратиле во стариот лош круг. Мисијата на победникот мора да биде ДЕПАРТИЗАЦИЈА и ПРАВНА ДРЖАВА! А будните граѓани ќе мора да бидат чувари на таа кауза. Тој пат води кон растењето.

Кризата на неказнивост и брутална партизација може да се реши само со одговорност, правна држава и меритократија (не од која партија си туку колку те бива).

Никола Димитров – Фејсбук статус