ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОБИДОА ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРИЈА СО СТАРИ ПАСОШИ, НО НЕ ГИ ПУШТИЈА ПА СЕ ПОСЛУЖИЈА СО ДИПЛОМАТСКИТЕ ПАСОШИ

0
249

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Панче Тошковски дека ЕУ ќе ги толерира патувањата со стариот пасош со Република Македонија и тргнале кон Бугарија, но бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па се послужиле со дипломатските.Интересно е што кога двајцата пратеници приложиле дипломатски пасоши, кои исто така се со старото уставно име на државата, граничарите им ја кренале рампата и им соопштиле дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.

Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи – уште една политичка „патка“ на ВМРО-ДПМНЕ со која само ќе се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму ќе ги враќаат од граници бидејќи законот ќе важи само во Македонија.

Од СДСМ утрово порачаа декаа ВМРО-ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.