ЗАМЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛОТ КОНТРА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ЗДРАВСТВО : МАНОЛЕВА НЕ ЈА ГОВОРИ ВИСТИНАТА ЗА ЛЕОНИД!

0
248

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски вели дека заменик министерката за здравство Маја Манолева не ја говори вистината за случајот со Леонид Индов.

„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот. Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината. ФЗО во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас, но, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша Андоновски на социјалните мрежи.

Актуелниот Закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако Управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување, рече на денешниот брифинг со новинарите директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, образложувајќи зошто Фондот го одби барањето да го покрие лекувањето во Австрија на 18-годишниот Леонид Индов.