ДИМИТРИЕВСКИ : ДОЛЖНИ СМЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ НАЈДОБРИ УСЛОВИ ЗА НАШИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДЕЛОТ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

0
573
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на шестата
седница на Советот истакна дека не е точна констатацијата дека на
територија на целата општина нема јавен превоз.
„Не е точна констатацијата дека на територија на општина Куманово нема
јавен превоз. Од 26 линии, во моментов 15 линии се уредени со уредно
потпишани договори за сите тие линии, согласно законот од општината се
издадени уредни лиценци за вршење на дејност. Но, најавувам и тоа јавно
го кажувам, дека овие 15 линии кои веќе се издадени ќе бидат
дополнителен предмет на други истраги за утврдување на фактичката
состојба дали реално согласно договорот се остваруваат обврските од
страна на договорената страна за вршење на јавната услуга јавен превоз.

Барав одлука да донесе Советот кадешто ќе се спојат линиите и отпочнеме
нова постапка за овие линии, а дополнително општина Куманово ќе ги
насочи сите свои расположливи ресурси во делот на контролата на јавниот
превоз да истиот се извршува од страна на превозниците така како што е
предвидено согласно самата постапка.

Во спротивно, ние немаме друго решение, а за жал немаме начин, каде да најдеме повеќе од 6 милиони евра да купиме сопствен возен парк и да го организираме јавниот превоз на сопствен начин. Доколку, има во овој момент Општина Куманово повеќе од 6 милиони евра јас ќе излезам пред советот и ќе побарам тие пари да ги

инвестираме во купување на нови возила, да регистрираме во еден субјект
и тогаш ако дадеме субвенции да се купува гориво, да се плаќа надоместок
за купувачите и за останатите трошоци за функционирање на тој субјект,
градскиот превоз може да биде и целосно бесплатен. А до тогаш, ќе имаме
можност да даваме само субвенции за јавен превоз за пензионери, како што
даваме и продолжуваме да даваме, за студентите како што најавивме“, рече
Димитриевси.
Тој посочи дека сите оние граѓани кои во овој изминат период претрпеле
штета но не по своја вина, општината ќе мора да изнајде начин да им ја
надомести таа штета.
„На кој начин, во следниот период откако ќе бидат затворени сите овие
тендерски, правни и сите други постапки и комплетно ќе се покријат сите
линии на градскиот превоз ќе излезам со конкретен предлог пред советот
за субвенционирање на јавниот превоз во одреден временски период за сите
оние линии кадешто граѓаните имаат претрпено штета, особено граѓаните
кои работат и се работно ангажирани во делот на високо трудовата
индустрија или да потенцирам чевларската и текстилната индустрија.
Конечната цел на општината не е да санкционира компании, ниту пак некого
да спречи со овие постапки да учествува на било какви јавни повици.
Нашата конечна цел е да утврдиме ниво на јавен превоз кадешто ќе се знае
по кумановски кажано „кој коси, кој воду носи“. Ќе се знае кога
автобусот тргнува, од точка А и стигнува до точка Б, и колку пати ја има
превозникот таа обврска. Во моментов и претходно сето тоа за жал не беше
така и ние како општина и да сакавме во рамки на мерките и корона
кризата не можевме да направиме целосен преглед и контрола на
состојбата“, изјави Димитриевски.
Димитриевски потенцираше дека вршители на јавниот превоз е групација од
три компании кои функционираат и се занимаваат со овој бизнис подолг
временски период во Куманово.
„Јас дојдов во првиот мандат за градоначалник 2017 година, договорот за
јавен превоз во Општина Куманово беше потпишан 2016 година со важност од
5 години и период на истекување декември месец 2021 година. Вршители на
јавниот превоз се всушност групација на три компании, тоа е компанијата
Оли Травел, Јоцо турс и Штуц Куманово – компании кои функционираат и се
занимаваат со овој бизнис подолг временски период во нашиот град. Во
целиот тој период од изминатиот четиригодишен мандат добивав
континуирани поплаки од страна на граѓаните дека не добиваат квалитетна
услуга, дека бројот на линиите коишто општината ги има одредено, на
одредени линии со вклучување на поаѓање и заминување, прва линија и
последна линија, прво поаѓање и последно поаѓање, возниот ред не се
почитува од страна на самите реализатори на јавниот превоз.
Од страна на општината уследеа голем број на реакции од самите превозници на што тие секогаш велеа правиме се што можеме во рамки на своите можности, а до
ден денеска најголем дел од нив, иако е нивна тендерска и законска
обврска го немаат истакнато ни возниот ред на сите оние автобуски
постојки којшто има обврска согласно последниот договор да ги изградат
на територија на целата општина.
Дополнително, уследи 2020 година корона кризата и ние поминавме низ голем број на мерки, препораки за целосно укинување на градскиот превоз, делумно укинување, редуцирање на линиите, редукција на бројот на патници на поаѓање, тргнување итн. Сето тоа имаше директен ефект и на превозниците, но и на нас како општина генерираше дополнителен број на незадоволство. Во јавноста се стекнува впечаток
дека одредена, една, две или три компании се повластени компании во
делот на вршење на јавниот превоз и всушност голем профит на грбот на
граѓаните првенствено од буџетот користејќи ја ставката превоз на
ученици и всушност таа дејност ја вршат со години“, додаде Димитриевски.
На седницата, градоначалникот Димитриевски посочи дека општината како
што најави на претстојните избори по истекување на тендерот и договорот
кој беше склучен ќе распише јавна постапка којашто ќе даде на сите
правни субјекти на територија на општина Куманово што се занимава со
вршење на оваа дејност еднаква можност да учествува во тендерската
постапка.
Со ова ќе се зголеми нивото на квалитетот на возилата со кои
се врши јавниот превоз, тргнувајќи од исполнување на еко стандарди што
мора да бидат минимум еко 4 возила, возила со ниски платформи кои се
исклучиво предвидени за употреба во јавниот превоз. И на крајот,
приоритетот број 1 за добивање на голем број на поени во самата постапка
ќе биде вкупниот број на понудени тргнувања и заминувања од точка А до
точка Б на одредена локација.
„Донесовме одлука да ги поделиме на 26 линии, таквата одлука беше
неминовно да помине на согласност на совет како што поминува впрочем и
ова денеска. На поставеното прашање зошто се чекало, имавме избори ако
се сеќавате во октомври месец и немаше можност точката да се стави, па
имавме конститутивна седница. Ако одите и направите анализа кога е
ставена точката на дневниот ред ќе видите дека е ставена на една од
првите работни седници во овој состав на советот, бидејќи претходно не
сме имале можност да го сториме тоа. Не постои едноставно законска
можност да се стори тоа.
Никој не е задоволен кога нема јавен превоз. Но, од друга страна што треба да се направи, да се дозволи јавен превоз и по секоја сила за да можат поединците или групациите кои имаат поддршка и во одредени политички субјекти, политичка поддршка, но богами и дебела медиумска поддршка кај одредени портали и медиуми, и по потреба ги вклучуваат и исклучуваат јавно да се отвора оваа тема во јавноста и
да се покажува со прст накај општината и накај градоначалникот.
Сега, во овој момент кога одлуката е директно на моето биро, кај што одговорноста
е директно кај мене јас сум должен согласно законот да обезбедам
најдобри услови за нашите граѓани во делот на јавниот превоз. Па,
недозволиво е некој да пишува и декларира возило на постапка за јавен
превоз која сака компанија нека е и политичар нека стои позади таа
компанија дека е возилото еуро 4, со ниска платформа, еве го гледаме на
улица Гоце Делчев кадешто улјето и нафтата по улица му тече, имаме видео
снимки од граѓаните, а истото тоа возило не исполнува ни еуро 2, ни еуро
3 стандарди, но тој имал потпис и печат од овластена куќа за вршење на
технички преглед коешто се наоѓа во Куманово, а случајно или не возилата
биле негови или на неговиот прв братучед или близок другар па му ги
заверил со еуро 4 стандард, а ние како општина не поседуваме механизам
тоа да го провериме.
И на крајот на краиштата пак граѓаните ќе се возат во стари возила, ќе загадуваат дополнително, тие ќе ја постигнат целта да ја вршат дејноста со тие стари возила, а ние тоа ќе го плаќаме. Ако плаќаме услуга треба да добиваме квалитетна услуга. Затоа побарав од сите превозници пред да отпочне постапката да влезат во широки
инвестиции, да го обноват возниот парк со којшто располагаат, да ги
прилагодат своите возила на новите услови кои претходно неколку месеци
беа најавени“, изјави Димитриевски.
Со почит,