ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОВАЧЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПОДДРЖАЛА НИТУ ЕДНА ВАЖНА ОДЛУКА ЗА ЕУ И НАТО

0
404
Поддршката за стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш била декларативна, но никогаш не била реална, порача во интервју во емисијата Трилинг претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-ВМРО-ДПМНЕ до сега не поддржала ниту една одлука за зачленување на Македонија во НАТО или ЕУ. Тие беа против зачленување во НАТО. Дури тие не влегоа во собраниската сала кога го гласавме договорот Фронтекс. Фронтекс е договор помеѓу нашата држава и ЕУ каде за прв пат на еден договор стојат сите официјални јазици на ЕУ и македонскиот јазик без никакви појаснувања, додавки или фусноти, и ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во собраниската сала и не го гласаа. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имале декларативна поддршка меѓутоа никогаш немало реална поддршка, затоа сега треба да се исправат себе си, да дадат реална поддршка на овој процес, порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека уставните измени не се потреба на Владата, туку на државата, за продолжување на европскиот пат и дека двотретинското мнозинство е потребно и за носење на бројни структурни закони важни за ЕУ односно за иднината на државата.
-На тој пат кон целосно зачленување во ЕУ постојат и други одлуки што ќе се носат и за кои повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство како реформа на правосудниот систем, на јавната администрација, реформа на децентрализација, тоа се се одлуки кои што се носат со двотретинско мнозинство во Парламентот. Затоа велам дека овие одлуки кои што се од стратешко значење не треба да бидат предмет на дневна политика.  Опозицијата треба да учествува во овој процес, и ова треба да биде обврска и одговорност на сите 120 пратеници во Собранието, бидејќи преку тие одлуки се одлучува за иднината на нашите сегашни и идни генерации, заклучи Ковачевски во интервју за „Трилинг“ на 24 Телевизија.