Комерцијална банка и во овие вонредни услови успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење

0
1071

Знаејќи ја користа од постојаното вложување во образовниот процес како темел за благосостојбата на општеството и на поединците, Комерцијална банка и во овие вонредни услови успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми кои се исклучително важни за нивното идно вработување, но и за градење здрави деловни и финансиски навики.

Почитувајќи ги сите здравствени протоколи, нашите вработени он-лајн им одржаа предавања на ученици од прва година од насоките Економски/Правен техничар и Економија, со што го дадоа својот придонес и за одбележување на Деновите на финансиска писменост во земјава.

Предавањата беа одржани во рамките на Програмата на училиштето за феријална практика, која е задолжителен дел во наставниот курикулум од дуалното стручно образование и дава можност учениците да градат ставови и да размислуваат за својот личен и кариерен развој во вистински работни услови.