НИ ГОСПОД ВЕЌЕ НЕ ГИ САКА ЌОСИЊАТА, ИЧ НЕ ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО : Неколку иљади демонстранти бараат да се обратат во собрание, го повикаа Иванов да им се придружи!

0
1505

Тешки врнежи од снег, многу ладно, ич не им се погоди времето денеска на ќосињата пред собрание.

Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи. Претставници од дијаспората пак порачаа: „Ние сме како војската на Александар Македонски.“

-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не ги продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

Луѓето кои се собраа пред Собранието велат дека се подготвени до одат до крај со нивните протести и барања.

Зад протестот стојат здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. Во меѓувреме во Собранието секој момент се очекува да почне пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.

Протестантите упатија барање до талат Џафери да им дозволи да се обратат во собранието.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.