(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски во посета на општините Прилеп, Битола и Ресен : Активности за спроведување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД -19

0
1503

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски ги посети општините Прилеп, Битола и Ресен. Со градоначалниците на трите општини, Илија Јованоски, Наташа Петровска и Живко Гошаревски. заменикот министер Павлески на терен се информираше за активностите кои што се во тек за спроведување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД -19.

Заменикот министер Дејан Павлески истакна дека координацијата на активностите меѓу централната и локалната власт и меѓу надлежните институции е од суштинска важност за ефикасно и целосно реализирање на мерките, со ангажирање на сите расположливи ресурси.

Општините се целосно мобилизирани и во тек се активности кои што ги реализираат локалните јавни служби за заштита на здравјето на населението, согласно владините мерки и препраки. Исто толку е важно, рече Павлески, граѓаните целосно да ги почитуваат мерките на Владата, да останат дома и на тој начин да си помогнат во заштитата на сопственото здравје и на здравјето нанајблиските.