БОГОЕВСКИ ВО ,,САМО ВИСТИНА” : ЛЕВИЦА ГО КАЖУВА ЈАВНО ТОА ШТО ВМРО-ДПМНЕ ГО МИСЛИ И ТАЈНО ГО ЗБОРУВА ВО СВОИТЕ ШТАБОВИ

0
653

-Во својата програма Левица имаат наведено дека не сакаат Македонија да биде во ЕУ и затоа да, тие се политички пиромани за нашите стратешки интереси. Проблемот настанува со ВМРО-ДПМНЕ, која е опозициска партија многу поголема од Левица, но и одговорноста е поголема. Оваа партија кокетира со националистички сентименти и практики кои одалечуваат од Европа. Се до пред појавувањето на Левица меѓународната заедница успеваше да ги заузда во ВМРО-ДПМНЕ, особено за стратешките одлуки.

Тие не отстапуваа јавно од патот на евроинтеграциите, но после Левица имаме структура која гласно го кажува она што ВМРО-ДПМНЕ со декади го продава, дека не ни треба ЕУ и НАТО, туку поблиска соработка со Русија. Целото тоа гласачко тело, гаено со декади од ВМРО, сега ја поддржува Левица, рече Богоевски.