ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОД МЕЧКИН КАМЕН СЕ ОБРАТИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК : Елајте браќа муслимани под бајракот на Македонија, Џафери го цитираше Крушевскиот манифест

0
1983

Ние имаме една заедничка татковина Република Македонија и сите сме одговорни да ја зачуваме за нас и идните поколенија, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во својот говор на Мечкин камен каде ја предводи собраниската делегација по повод годишнината од Илинденското востание.

Откако се поклони пред гробот на Никола Карев, во свето обраќање Џафери ги нарече илинденците херои кои се вградиле во сегашноста и цитираше дел од Крушевскиот манифест.

„Елајте браќамуслимани при нас, да тргнеме против наши и ваши душмани, под бајракот на Македонија, Македонија е наша и ваша мајка. Мили наши комшии, eлајте при нас.“

Водачите на Илинденското востани, Карев, Делчев, Питу Гули покажале дека имале високоразвиени цивилизациски вредности за заедништво и толеранција, рече Џафери, без разлика на вера, националнот, пол.

„Мислам дека сите ние треба да бидеме горди што нашите предци се бореле за соживот и толеранција, за мултикултурно општество. Во овие 26 години самостојност поминавме низ повеќе премрежија и кризи, но најважно е што кај граѓаните не се наруши духот на соживот“, порача тој.