(ВИДЕО) Претседателот Заев За ТВ Сител : 200 милиони евра одат за поддршка на стопанството, на работниците, за да ги сочуваме работните места

0
1349

Во однос на предложените мерки од страна на СДСМ и како беа тие прифатени од јавноста ,претседателот на СДСМ Заев истакна дека Владата е таа која ќе ги донесе конечните одлуки за мерките, со оглед на капацитетите кои ги има ,но секако политичките партии треба да покажат одговорност и да ги соопштат и не така пријатните вести.

200 милиони евра даваме поддршка на стопанството, на работниците и да ги сочуваме работните места, а сето тоа ја згоилемува ликвидноста, но и приватната потрошувачка од страна на работниците и компаниите,тоа ќе му помогне конкретно на буџетот, посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека овој пакет е редок на Балканот од позитивен аспект, а по глава на жител еден од најголемите. Сето тоа се должи на состојбата на буџетот кога бевме затекнати од кризата, со оглед на тоа дека имавме ликвиден буџет, со 3.6% раст на економијата, а само 2.5 години претходно бевме со минус 1.8%

На компаниите даваме од фондот за поддршка кој треба да се формира за оваа намена, преку кредитите, штедењето и кратењето од непродуктивните трошоци кои немаат импликација кон јавната потрошувачка. Кратењето на платите кај администрацијата е вториот чекор на кратења, посочи Заев.

[Во живо:] Интервју за Националната телевизија кое се емитува во рамки на Дневникот.

[Во живо:] Интервју за Националната телевизија кое се емитува во рамки на Дневникот.

Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 26. März 2020