СПОРЕД АНАЛИЗАТА НА ФОКУС АХМЕТИ СПРЕМА ЧИСТКА НА ,,ОГНЕНИТЕ”, ТИЕ НЕ КРЕВААТ РАЦЕ ОД ДУИ – НОВА ПАРТИЈА НЕ Е ОПЦИЈА!

0
408

Лидерот на ДУИ сака да се справи со бунтовниците преку избор на нови раководства во Чаир, Сарај и други ограноци. Овие избори ќе се спроведуваат по принципот еден член-еден глас од страна на комисија, каде нема ниту еден член близок до „огнените“. Не е битно кој гласа, туку кој брои – ова го знаат Меџити, Беџети и другите, кои бараа смена на Груби, Османи и останатите министри. Тие засега не размислуваат за нова партија и навестуваат битка до крај, предупредувајќи дека ваквиот дуализам може да доведе до тензии и конфликти како своевремено во Куманово, каде претседател се бираше и со оружје.

од Фокус 10.03.2023 

Внатрепартиската војна во ДУИ се ближи кон целосна ескалација меѓу приврзаниците на партискиот лидер Али Ахмети и „огнената група“ предводена од Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и други видни партиски лица, кои бараат промена на министрите од нивната партија, при што главниот таргет им е вицепремиерот Артан Груби.

Како што велат за „Фокус“ извори од раководството на ДУИ, планот на Ахмети е прво да ги истисне „огнените“ од локалните структури, а потоа да ги елиминира и од партиските функции на централно нив. Всушност, тоа треба да се направи низ процесот на избор на нови раководства на локалните ограноци, за што веќе течат постапки.

За разлика од порано, внатрепартиските избори сега се спроведуваат според принципот еден човек/член – еден глас. После последниот конгрес во 2019 година, формирана е Централна изборна комисија на чело со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. Ниту еден член на оваа комисија, велат нашите соговорници, не важи за близок до „огнената група“.
–Во десетина ограноци каде загубивме на локалните избори, како Тетово и Гостивар, веќе се спроведоа избори на овој начин, а сега останува да се спроведат редовни избори во сите други, меѓу кои се и Чаир и Сарај, кои важат за бастиони на „огнените“. Иако имаат реално влијание, сепак, тоа се повеќе им се намалува – вели висок функционер на ДУИ.