ЛОША СТРАТЕГИЈА НА АЛИЈАНСАТА, ТАРАВАРИ: Ќе се договараме со ВМРО-ДПМНЕ за локални избори

0
1444

Потпретседателот на Алијансата за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, при своето гостување во емисијата “Вин вин” на Телма изнесе подготвеност на коалицијата АА-Алтернатива за преговори со ВМРО-ДПМНЕ за настап на локалните избори како начин за соборување на СДСМ и ДУИ од власт. Како приоритет нагласи дека ќе се обидат да договорат меѓусебна поддршка на централно ниво а ако тоа не успее, тогаш можат на локално ниво нивните партиски ограноци да соработуваат во неколку битни општини.

Исто така истакна дека политиките што ги водат последниве неколку години, на Алијансата и Алтернатива им носат поголема поддршка и тоа нивните внатрепартиски анкети го покажувале како релевантен податок.