КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА ОД КРУШЕВО : СО ДПМНЕ ТЕЧЕШЕ КРВ ВО СОБРАНИЕ, ДЕНЕС ЗБОРУВААТ ЗА СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА

0
39
Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Косдтадиновска – Стојчевска на митингот во Крушево потсети на крвавиот инцидент од 27 април за да ја опише деструктивната политика на ВМРО ДПМНЕ која одново им се заканува на граѓаните, на слободата и демократијата.
„Вчера беше 27 април, ден во кој пред 7 години, затскриени зад насилниците, извршија упад во Законодавниот дом. Подло, секогаш зад некого. Крв течеше во Собранието, а тие зборуваат за слобода и демократија. Е затоа сме различни од нив. Зашто ние си ја сакаме државата. Ние ги почитуваме сите граѓани. Ние не бегаме од соочување со проблемите и со одговорноста. Да потсетам. Премиерите од СДСМ се тука, ниту еден не побегна“- рече Костадиновска – Стојчевска пред граѓаните на Крушево.
Таа се осврна и на 10-те години владеење на ВМРО ДПМНЕ и нагласи дека тоа е деценијата на сеење страв, заплашување, замолчување и целосно опустошување на државата.
„Не покажаа интерес и грижа за граѓаните кога им беше најпотребна, и во најголемата економска и енергетска криза ВМРО-ДПМНЕ го блокираше македонското Собрание, уценуваше, бараше предвремени избори, само и само за власт и лични интереси. Одиме низ државата и гледаме како оние кои гласаа за нив веќе не смеат да зборуваат со нас. Таква ли Македонија сакаме? Повторно заробена, повторно замолчена, повторно исплашена. Ова е истото- старото, лошо ВМРО ДПМНЕ“ – предупреди Костадновска – Стојчевска на последиците ако му се дозволи враќање на режимот.