ДОБРО БЕ, ИМА ЛИ ПРАТЕНИК КОЈ НЕ СИ ВРАБОТИЛ ДЕТЕ ИЛИ БРАЧЕН ПАРТНЕР НЕКАДЕ НА ДРЖАВНО : Сопругата на Рамчиловиќ вработена во МВР!

0
919

Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, дознава „А1он“. Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.

„А1он“ му се јави на Рамчиловиќ, кој немаше време да даде одговор за тоа дали сопругата е вработена со негова заслуга или се пријавила на оглас распишан од МВР и кусо рече: ‘Не можам да разговарам, во Унгарија сум’. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието која гласаше за уставните измени.