ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ РАСПИШАНИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ, ЏАФЕРИ: НА ПРВИ ЈУЛИ ЗАПОЧНУВА ДЕБАТАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

0
804

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори и ќе се одржат во втората половина на октомври.

Претседателот на Собранието рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на пропуст за да не би го довел во прашање целиот изборен процес. Доколку изборите би се одржале на 17 октомври, тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември.

“Кога ќе дојде време, ќе пуштам писмо до ДИК во однос на роковите и мандатите” – рече Џафери.

На 1 јули започнува комисиската дебата за ребалансот на Буџетот. Во тие десет дена нема да има пленарни седници освен ако има нешто итно. До 1 јули би требало да се одржи седница за една од интерпелациите поднесени од опозицијата.