БУГАРИЈА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГИ ИЗДРЖАЛА ПРИТИСОЦИТЕ ОД ЕУ ЗА ВЕТОТО, РАДЕВ ПОВТОРНО СО ОБВИНУВАЊА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ПРЕСТАНЕ СО ГРАДЕЊЕ ИДЕНТИТЕТ СО КРАДЕЊЕ НА БУГАРСКАТА ИСТОРИЈА

0
874

Бугарскиот претседател Радев од Брисел изјави дека Софија не можела да каже “да” за напредокот на Македонија кон ЕУ сѐ додека не се уверат дека соседот нема да го гради својот идентитет врз кражбата на т.н. бугарска историја. Тој потврди дека европските партнери на Бугарија вршеле голем притисок Софија да ја крене блокадата.

“Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска земја зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија” – ултимативно рече тој. Ги повтори празните флоскули дека луѓето во Северна Македонија наводно биле нивни браќа и дека биле должни да ни помагале.

Смета дека е успех за Бугарија тоа што успеала прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ. Радев призна дека тој и привремената влада биле под притисок да ја кренат блокадата.