УНГАРИЈА Е ФРУСТРИРАНА ПОРАДИ БУГАРСКОТО ВЕТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПЕТЕР СИЈАРТО: БАРАМЕ БУГАРИЈА ДА ДОЗВОЛИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ И ПАРАЛЕЛНО ДА ГИ РЕШАВА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ

0
832

“Го почитуваме ставот на Софија дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив. Нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение за прашањето со Скопје и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ. Овие две работи да течат паралелно” – изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто во Штип.

Едно е сигурно, атмосферата навистина била многу напната на состанокот на Советот вчера бидејќи државите кои се залагаат за проширувањето, како Унгарија, почувствуваа доста голема фрустрација, затоа што секогаш ќе се појави некое плус прашање, поради која не може да се започнат преговорите со Северна Македонија. Со години се водеа преговори со Грција и кога тоа се заврши, кога помисливме дека е готово, тогаш се појавија Бугарите. Ние од нашите пријатели Бугари бараме, како искрени пријатели и со голема почит, само една единствена работа: ние го почитуваме нивниот став дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив. Нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ. Овие две работи да течат паралелно” – изјави Сијарто.

Сијарто најави дека земјите од Вишеградската група ќе се обидат да направат притисок за да се реши проблемот со Бугарија.