ДОДЕКА МИЦКОСКИ Е ПОЛИТИЧКИ ИЗОЛИРАН И ОТВОРА ФРОНТОВИ ПРОТИВ ВАШИНГТОН, ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ИМАШЕ СРЕДБА И СО АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАЈДЕН: ДА ГО ОДРЖУВАМЕ СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО САД И ВО РАМКИТЕ НА НАТО

0
713

“Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД го развиваме и преку можностите кои ни ги нуди НАТО Алијансата.

Денес на маргините на Самитот на НАТО во Брисел имав краток разговор со Претседателот на САД, Бајден што беше одлична прилика да го потврдиме сојузништвото во демократските иницијативи, во глобалната безбедност и во новите регионални економско-енергетски проекти во кои Северна Македонија има суштинско учество.
Упатив покана до Претседателот Бајден да го посети Западен Балкан, а од него добив уверување дека тој лично добро го познава регионот, дека САД ќе бидат посветени во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија и на балканските земји и дека постои интерес за планирање посета во иднина.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ