(ВИДЕО) БОМБА на Гошев: Над 700 милиони евра се украдени во Телеком!

0
1723

HD.Still084-685x320

На прашањето – Што по Груевски на вечерашната дебата и промоција на книгата „Оди си! (осум писма до Никола Груевски)“, во издание на „Темплум“, Петар Гошев, рече претходно мора да се расчистат криминалите на власта за да идните политичари што ќе дојдат на власт извлечат поука.

– Значи мора прво да се санкционира. Затоа што ова кражба ги украде сите работни места во Македонија, овие иселувања на луѓето се од украдените работни места, од пренесените пари надвор или скриени пари. Ден Дончев раскажува како се пазареле за периодот на одржување на монопол на странскиот инвеститор. Дали ќе биде 4 години или 5 или 6 години и што добивале ако биде 6 години. Наводно добивале 30 милиони плус на цената од 50 отсто што ќе го купат, ако периодот биде 6 години.

Не биле четири години, колку што тоа го пишува во спогодбата за стабилизација и асоцијација било одлучено во преговорите со ЕУ. Овие на Телеком му обезбедиле 7 години монопол, во тие 7 години платите ги зголемија за 300 – 400 отсто со намален број вработени. Во социјализмот со превработеност Телеком имаше 150 милиони марки добивка, замислете, со 300-400 отсто. Моја најминималистичка проценка е дека најмалку 100 милиони евра годишно се криеле. Добивка што ја изнесувале пред да ги покажат финасиските биланси. За 7 години најмалку 700 милиони еввра се испумпани од граѓаните и од фирмите во Македонија, плаќајќи по три – четири пати поголеми цени за услугите, рече Гошев.
Според него сега ќе имаме нова афера со либерализацијата на енергетскиот сектор која се случува според истиот модел.

Целиот текст и видеото ОВДЕ