БУГАРИЈА ПОЧНА ДА ОМЕКНУВА ПРЕД САМИТОТ НА ЕУ: И РАДЕВ ОЧЕКУВА НАПРЕДОК ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА СПОРОТ ДО СРЕДИНАТА НА ЈУНИ

0
1334

“Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро” – изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува низ Софија и ова треба да биде јасно” – изјави Радев.

Според бугарскиот претседател политичкото раководство на Северна Македонија треба да се стимулира за да најде дијалог со Бугарија.