ТАРАВАРИ СЕ ВПУШТИ ВО РЕФОРМА НА ЗДРАВСТВОТО – Директорски смени на Клиника: Пејкова на Пластична хирургија, Пановска на Хематологија и Петровски на Ендокринологија

0
2645

Заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски, најави дека вкупно 33 здравствени установи денеска добиваат нови директори, без да ги објави имињата. „Фокус“ неофицијално дознава дека Софија Пејкова ќе биде новата директорка на Пластична хирургија и ќе ја замени досегашната директорка, Смиља Туџарова.

На местото на Лидија Чевреска во Хематологија доаѓа Ирина Пановска, а на местото на Славица Шубреска на Клиниката за ендокринилогија ќе биде назначен Горан Петровски.

Инаку, како што денеска објави „Фокус“, нова директорка на Клиниката за гинекологија на местото на Хаџи Лега, ќе биде Викторија Јовановска.