ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ ПОДАРОК ДРЕС ОД КК НИКОЛА КАРЕВ ПО ПОВОД ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО ВО ЕВРОПА ВО КОШАРКА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА

0
636

По повод големиот успех, освојувањето на Европското првенство во кошарка за средни училишта, на прием организиран во чест на младите кошаркари од средното училиште на Град Скопје “Никола Карев” им врачивме парични награди и им го честитавме големиот успех, истакнувајќи ја поддршката на Град Скопје за средноучилишниот спорт преку програми, проекти, стипендии, манифестации и активности, со кои активно се поттикнува развојот на спортот кај младите, кои со своите успеси дополнително го афирмираат градот.

Европско првенство во кошарка за средни училишта, се одржа од 11 до 16 јуни 2023 година и на истото учество земаа над 200 средношколци. Тимот на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ во финалето го совлада тимот од Чешка, освојувајќи златен медал и титула Европски шампион во кошарка за средни училишта за 2023 година.