И СТРАЗБУР ГО ПУШТИ ПО ВОДА ОБВИНЕТИОТ КАМЧЕВ: ОДБИЕНО МУ Е БАРАЊЕТО ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА КУЌЕН ПРИТВОР

0
1204

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го одби барањето на Орце Камчев за на државата да ѝ се нареди да му се преиначи времената мерка затворски со домашен притвор.

Владиниот агент на Бирото за застапување на државата пред ЕСЧП, Даница Џонова потврди дека барањето за времена мерка против државата за Камчев е одбиено.
Камчев моментно е на суд за случајот “Плацеви на Водно” кој што е во доказна постапка.