ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ СЕ НОРМАЛИЗИРА: ВЕЌЕ Е ИСПЛАТЕН ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПЛАТИТЕ ЗА ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

0
723

Патничкиот и товарниот сообраќај попладнево е нормализиран откако на вработените во железничките претпријатија им е исплатен вториот дел од октомвриската плата, по неколкудневниот бојкот на синдикатите.

Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ – Транспорт, Душко Чакаровски изјави дека е исполнето барањето и јавно опомена дека повторно ќе ја прекинат работата се доцни со исплатата на платите.