ПИАРОТ НА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ИСПАДНАА ПОЛОШИ СЕЦКАЧИ ОД ТВИТЕР КОРЕЛ И ФОТОШОП СЕЦКАЧИ – ПЕТКОВ ГО ИСЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ ОД СЛИКАТА СО БЛИНКЕН

0
708

Бугарскиот премиер Кирил Петков го исече македонскиот колега Димитар Ковачевски од заедничката слика со американскиот државен секретар Ентони Блинкен од нивната средба на маргините на Минхенската конференција за безбедност.

Целата фотографија на Фејсбук првин ја објави Ковачевски вчера, кој напиша дека имал срдечна средба со државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис.

„Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, кажа за средбата Ковачевски.

Петков денеска ја објави исечената слика, исто така, на Фејсбук, но во објава со неколку други слики, и напиша дека елиминацијата на корупцијата е врвен приоритет за целата демократска заедница и безбедносните служби