ВО АВСТРИЈА СЕ ПОДГОТВУВА СТРОГ ЗАКОН ПРОТИВ АНТИВАКСЕРИТЕ СО ВАЖНОСТ ОД ФЕВРУАРИ: СЕКОЈ КОЈ ШТО ДВА ПАТИ ЌЕ ОДБИЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРА, ЌЕ ДОБИЕ КАЗНА ДО 7200 ЕВРА

0
1230

Австриските жители кои ќе одбијат да се вакцинираат против Ковид-19 од февруари, ќе се соочат со парични казни до 7200 евра според предлог-законот за вакцинација во Австрија.

Задолжителната вакцинација ќе важи за сите оние кои имаат постојан престој во Австрија. Изземени ќе бидат само оние кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.

Секој што ќе одбие да се вакцинира, ќе биде повикан кај органите на окружната администрација. Доколку два пати ја игнорираат поканата, ќе бидат казнети со парична казна од 3600 евра. Доколку нивното прекршување на законот за вакцинација против Ковид ги стави другите лица во сериозен ризик или ако продолжат да ја игнорираат наредбата, ќе бидат казнети до 7200 евра.

Предлог-законот ќе биде претставен на 6-ти декември.