ГРУЕВСКИ ДО МИЦКОСКИ : ИМАШ ЛИ ДОКАЗ ДЕКА ЈАС СУМ ПРИФАТИЛ ВАЛКАНА ИГРА СО ВЛАСТА?

0
615

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва побара одговори од неговиот наследник Никола Груевски за изјавата дека тој е во тајна комуникација со Владата која има за цел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ.
-Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка, напиша Груевски на Фејсбук.

Денеска во, помалку изненадувачка изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека Груевски бил во тајна комуникација со Владата.

-Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее, рече Мицкоски.