(ВИДЕО) БОЧВАРСКИ – КИТАНОВ: Започнавме да го реконструираме патот од Кичево до Македонски брод, пат кој не е реновиран 50 години!

0
880
Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со засилено темпо.
Со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска извршивме увид во рехабилитација на патниот правец од Кичево до Македонски брод, инвестиција од над 3 милиони евра.

После четири децении за прв пат се рехабилитира овој патен правец и верувам дека со неговата реконструкција ќе овозможиме подобри и поквалитетни услови за живеење за граѓаните на Кичево и Македонски брод.
Ме радува фактот што механизацијата на македонските градежни компании е на терен и продолжува со силна динамика во изградба и реконструкција на нашата инфраструктурата.