МИСАЈЛОВСКИ СО ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ : СО ГЛАСАЊЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗАПОЧНУВААТ ПРОМЕНИТЕ, ДОСТА БЕА ЦРНИЛА, АФЕРИ И СКАНДАЛИ, ВРЕМЕ Е ЗА ПОЗИТИВНИ НЕШТА, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА СО НОВИ ПРОЕКТИ И РАЗВОЈ

0
95

Прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Почитувани,

Денеска сме во Гази Баба во Хиподром. Сакам пред се да му честитам на градоначалникот Бобан Стефковски за целата работа што ја прави овие години. Навистина ми е драго еве како пратеник од ИЕ 2 и заедно со другите пратеници да бидеме дел од вакви убави настани и вакви убави проекти. Можев да слушнам не само дека денеска започнува еден спортски комплекс, дека се направени преку 50 нови улички во Гази Баба, навистина секоја чест. Направени се и реконструирани се повеќе од 20 игралишта за само 2 години.

Замислете сето тоа го прави Боби со својот буџет, го прави со буџетот од општината затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ предлагаме во новата изборна кампања дека ќе посветиме посебно внимание за општините и 250 милиони евра ќе распределиме на сите општини. Тоа значи дека многу средства ќе влезат во Општина Гази Баба зошто Општина Гази Баба е една од најважните општини во Македонија, посебно во Скопје и мора да има повеќе и повеќе проекти тука, навистина честитки, но сакам да ги повикам сите граѓани да ги повикам сите граѓани да ни се придружат во нашата кампања за претседателски избори зошто се многу важни.

Сакам да ги повикам сите граѓани да бидат дел од промените, бидејќи со гласање за Гордана Силјановска Давкова започнуваат промените, доста беа црнила, афери и скандали. Време е за позитивни нешта, затоа ги повикувам сите граѓани да бидат дел од промените и да ја направиме Македонија повторно горда со нови проекти, нов развој и навистина едно убаво место за живеење.