АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ : БУЈАР ОСМАНИ, ГЛАВНИОТ ФИНАНСИЕР НА РУСИЈА, МНР ГО СНАБДУВА РУСКАТА КОМПАНИЈА

0
1020

Веќе неколку денови функционерите на ДУИ ја клеветат албанската опозиција, додека денеска Бујар Османи го достигна врвот обвинувајќи ги граѓаните дека ја поддржуваат Русија. Тој рече дека купувањето гориво од руски компании е директна помош за Русија.

Со овие зборови Осман ја направи Фројдовската грешка и со своја уста призна дека е главниот финансиер на Русија. Од официјалните податоци од алатката за објавување на трошоците, МНР произлегува дека гориво купува од руската компанија лиценцирана кај нас. Некои од залихите беа направени дури и во последните денови од февруари. Покрај министерството на Османи, најголемиот дел од Владата и државните институции се снабдувале од истата компанија.